Соопштенија

Соопштенија до јавноста

На 7 ноември 2019, Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов ја прими амбасадорката на Црна Гора во Северна Македонија г-ѓа Марија Петровиќ.

 

На 5 ноември 2019, во просториите на МНР се одржа средба меѓу државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов и амбасадорот на Република Бугарија во Северна Македонија г-дин Ангел Ангелов.

 

Денеска, 4 ноември 2019 година, во Амфитеатарот на МНР, одржа предавање г-ѓата Елен Конве-Муре (Hélčne Conway-Mouret), Заменик Претседател на Сенатот и член на Комисијата за надворешни работи, одбрана и вооружени сили во Францускиот Сенат.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов денеска оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република во Северна Македонија г-дин Карло Ромео.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров приреди работен појадок за шефовите на ЕУ делегациите од земјава и регионот, кои престојуваат во земјава по повод нивното меѓусебно регионално советување, кое за прв пат се одржува во Скопје. На работниот појадок присуствуваа и претставници на Службата за надворешни работи при ЕУ (EEAS) и Европска Комисија, како и на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа кои, под раководство на заменикот помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржуваат советување во Скопје.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи г-дин Зоран Попов оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија во Северна Македонија г-дин Емилијо Лоренсо Сера.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи г-дин Зоран Попов, денеска оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Француската Република во Северна Македонија г-дин Кристијан Тимоние.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи г-дин Зоран Попов, денеска оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Данска г-дин Андерс Хоугард, кој на нерезидентна основва е акредитиран и за Република Северна Македонија.

 

Конзуларни услуги