Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Mинистерот Никола Попоски, вчера и денес, во придружба на Претседателот Иванов, претстојуваше во Република Хрватска, каде што се одржаа состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ како и „Самитот 100“ заедно со бизнис лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски, денес во Скопје ја прими г-ѓа Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД задолжена за европски и евроазиски прашања. Посетата е во рамки на нејзината посета на регионот на Југоисточна Европа,

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе патува во придружба на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој во следниве два дена ќе престојува во Република Хрватска.

 

На покана на францускиот претседател Франсоа Оланд, делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска, учествува на свеченото одбележување на стогодишнината од првата светска војна што се одржува денеска (14 јули 2014 г.) во Париз.

На покана на францускиот претседател Франсоа Оланд, делегација на Република Македонија учествуваше на свеченото одбележување на стогодишнината од првата светска војна што се одржа денеска во Париз по повод Националниот празник на Француската Република-14 јули.

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски, на 14 јули 2014 година, ќе оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, задолжена за европски и евроазиски прашања.

 

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија беа повикани вонредните и ополномоштени амбасадори на Република Албанија и на Република Косово во Република Македонија, при што им се врачени протесни ноти по однос на некои официјални ставови и изјави од двете земји, во врска со насилните протести организирани во Република Македонија по донесување на првостепената судска пресуда донесена од надлежен Суд во Република Македонија, со која шест лица се прогласени за виновни за кривично дело тероризам и им е изречена казна доживотен затвор.

Денес министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите опфатени со Процесот за стабилизација и асоцијација, комесарот за проширување на Европската комисија Штефан Филе и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, кој  се одржа во Котор, Црна Гора.

Во рамките на одбележувањето на дваесет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Словачката Република, на 5 јули 2014 година, македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов на свечена церемонија во Катедралата Свети Кирил и Методиј во Техрова подари резбарени икони од градот Охрид, на авторот Драган Нелковски.

Министерот Никола Попоски вечерва ги покани шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва и претставништва на меѓународни организации акредитирани во Република

Македонија на неформална средба со членовите на новата Влада во Република Македонија.

Конзуларни услуги