Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска, го прими на проштална средба вонредниот и ополномоштен амбасадор на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Гудрун Елизабет Штајнакер.

 

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска, денес се сретна со заменик министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој престојува во посета на Република Македонија, по повод официјалното отворање на Унгарска Трговска Куќа во Скопје.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес упати писма со изрази на искрено и длабоко сочуство до своите колеги од земјите на жртвите инволвирани во авионската катастрофа на Малезија Ерлајнс од 17 јули 2014 година.

 

Поради нарушување на безбедносната состојба, ракетните напади од појасот Газа кон делови на Израел и операцијата на израелската војска која е во тек, се препорачува на граѓаните на Република Македонија да се воздржат од патување во подрачјата во близина на 50 км од појасот Газа.

На 16 јули, во Брисел, се оддржа Меѓународна донаторска конференција за санирање на последиците од катастрофалните поплави во БиХ и Србија, на која учествуваше Амбасадорот Андреј Лепавцов.

 

Денеска, во Софија се одржа шеста средба на работните групи од Министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Бугарија во врска со консултациите по Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

 

Ваша Екселенцијо,

Почитуван Колега,

Веста за страшната несреќа која утрово се случи во московското метро, и во која животите ги изгубија најмалку дваесеттина лица ја примив со длабока вознемираност и тага, поради што Ве молам да ги примите изразите на искрено сочувство за изгубените животи. Сигурен сум дека надлежните власти ќе ги преземат потребните мерки за што побрзо санирање на настанатите штети и последици.

Mинистерот Никола Попоски, вчера и денес, во придружба на Претседателот Иванов, претстојуваше во Република Хрватска, каде што се одржаа состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ како и „Самитот 100“ заедно со бизнис лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски, денес во Скопје ја прими г-ѓа Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД задолжена за европски и евроазиски прашања. Посетата е во рамки на нејзината посета на регионот на Југоисточна Европа,

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе патува во придружба на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој во следниве два дена ќе престојува во Република Хрватска.

 

Конзуларни услуги