Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Ѓурол Сокменсуер. Министерот Попоски се осврна на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Турција, изразувајќи задоволство од личниот придонес на Амбасадорот во градењето на позитивна атмосфера во соработка во текот на неговиот мандат во Република Македонија.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска прими делегација на политички директори од министерствата за надворешни работи на земјите од Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург), која престојува во работна посета на нашата земја за запознавање со состојбите и активностите во клучните приоритетни сегменти поврзани со евро – интеграцијата.

По повод претседавањето на Република Македонија со Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, денес во Министерството за надворешни работи се оддржа заедничка средба на министрите за надворешни работи и здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров со дипломатските претставници од земјите учеснички во овој процес.

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски го прими на проштална средба амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Фернандо де Галаинена.

 

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, во својство на шеф на македонската делегација на НАТО Самитот во Кардиф, се обрати на состанокот на земјите контрибутори во Мисијата ИСАФ во Авганистан.

 

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска денес во проштална посета го прими Роман Вашчук, амбасадор на Канада за Република Македонија, со седиште во Белград.

 

Денес, министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на Бледскиот Стратешки Форум.

 

 

На 02.09.2014 година, во Организацијата за забрана на хемиско оружје-OPCW, амбасадорот Игор Попов ги предаде оригиналите од креденцијалите од министерот за надворешни работи Никола Попоски до Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје, Ахмет Узумчу.

Министерот Попоски денеска оствари средба со специјалниот претставник на германското министерство за надворешни работи за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА, др. Ернст Рајхел, кој се наоѓа во дводневна посета на земјава.

 

Денес, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, го прими спикерот на Претставничкиот Дом на Парламентот на Канада, Ендрју Шир, кој престојува во официјална посета на Република Македонија.

 

Конзуларни услуги