Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Министерот Никола Попоски денес имаше обраќање во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, по повод отворањето на Унгарското литературно катче во просториите на библиотеката и отворањето на изложба на постери „Вишеград Карма.“

 

Република Македонија најостро ги осудува терористичките напади од страна на милитантните сили врз египетските воени позиции во Синајскиот Полуостров, Арапска Република Египет, извршени на 24 октомври 2015 година, во кој животот го загубија 31 војник на египетската Армија.

Република Македонија активно е вклучена во глобалната борба против тероризмот.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски имаше средба со својот домаќин, министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Мирослав Лајчак и со новоименуваниот министер за надворешни работи на Република Полска, Гжегож Схетина.

На покана на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Словачката Република, Мирослав Лајчак, на 31 октомври 2014 година, министерот за надворешни работи Никола Попоски, учествуваше на Министерскиот состанок на Вишеградската четворка и Западен Балкан, во Братислава.

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија Драгана Кипријановска, денеска ги прими копиите на акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Данска во Република Македонија, со седиште во Виена, г-ѓа Лиселот Плеснер.

На 26-ти Октомври 2014 година, беше поставен  камен-темелник на Македонската православна црква “Света Злата Мегленска” во Загреб. Пригоден говор пред присутните верници и добронамерници одржа МНР Попоски, а во име на Република Хрватска, свое обраќање имеше Претседателот на Собранието на Република Хрватска, Јосип Леко.

Денеска, 23 октомври, 2014 година, во Белград министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски заедно со заменик министерот за економија Кристијан Делев, учествуваше на Министерската конференција “Западен Балкан: Економско владеење и поврзаност“.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски денес оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Македонија, со седиште во Белград, Н.Е. г-ѓа Џулија Фини.

 

„Австриско-македонско пријателство: Добивање датум за преговори“
Обраќање на заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска се сретна со германскиот пратеник од пратеничката група на ЦДУ во германскиот Парламент, г. Јохан Вадефул, кој се наоѓа во работна посета на нашата земја.

 

Конзуларни услуги