Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Во рамки на посетата на Брисел, денес министерот за надворешни работи Никола Димитров, оствари средба со еврокомесарот Јоханес Хан и со шефот на кабинетот на Претседателот на Европскиот совет, Пјотр Серафин.

 

По повод пет годишнината на European Western Balkans, порталот му додели награда на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров „за вложување извонредни напори за приближување на својата земја и регионот до Европската Унија, промовирање на духот на соработка и мир во регионалните прашања, со посебен акцент на нормализацијата на односите меѓу Грција и Северна Македонија, како и за поддршката за демократските реформи и надминување на товарот од минатото на Западен Балкан, која служи како пример”.

По вчерашните средби и активности во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров денес продолжува со европската турнеја и тоа првично со работна посета на Брисел (10 и 11 септември 2019 год.), а последователно  и на Берлин (11-13 септември 2019 год). Во фокусот и на овие средби, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија, ќе бидат изгледите и чекорите кои се прават за позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври о.г.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 9 септември 2019 година се сретна со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, и со Клеман Бон, советник за Европа во кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

За прв пат од независноста, во Париз одржана церемонија „Разгорување на вечниот оган“ посветена на „8 Септември“

Вчера (недела, 8 септември 2019 година) во Париз, во чест на  Денот на независноста на Република Северна Македонија „8 Септември“,  беше организирана традиционалната церемонија на „Разгорување на вечниот оган“ на споменикот на непознатиот војник –  под  Триумфалната капија.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Дирк Јан Коп. Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во вршењето на функцијата, министерот Димитров изрази увереност дека во текот на мандатот на амбасадорот Јан Коп, односите и соработката меѓу двете пријателски земји натамошно ќе се продлабочуваат.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Кристин Форшгрен Бенгтсон, која му ги предаде копиите на акредитивните писма.

 

На вториот ден од Бледскиот Стратешки Форум, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на панелот насловен „Западен Балкан - европеизација, демократизација, споделена одговорност” на кој се осврна на нужноста од забрзана европска интеграција на Северна Македонија и регионот, како заедничка стратешка определба.

 

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска на маргините на Бледскиот Стратешки Форум остварија средба со Метју Палмер, специјален претставник на САД за Балканот.

 

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска на почетокот од 14-от Бледски Стратешки Форум оствари билатерална средба со домаќинот Миро Церар, министер за надворешни работи на Република Словенија, на која беа потврдени традиционално блиските и пријателски односи меѓу двете земји.

 

Конзуларни услуги