Соопштенија

Соопштенија до јавноста

Утре (петок, 6 декември 2019 година) во Берлин, министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на конференцијата „Балкански дијалози“, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција, EAST WEST Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност (BFPE).

 

Mинистерот за надворешни работи Никола Димитров учествува на 26-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), којшто денес и утре се одржува во Братислава, Словачка.

 

 

На пленарните состаноци на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА) кои се одржаа во периодот од 2-5 декември 2019 година, во Луксембург, едногласно беше усвоена одлуката за подигнување на статусот на Република Северна Македонија од земја набљудувач, во придружена земја, а како преодна фаза кон полноправно членство.

IMG 5e5f80173286ee6c6254cb87c461ffb4 V

Информираме дека Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија подготви нацрт-текст на Предлог-закон за надворешни работи, кој денес е објавен на Единствениот Национален електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk), како и на интернет страницата на Министерството (www.mfa.gov.mk)).

 

Делегација на Северна Македонија предводена од министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на 26-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што ќе се одржи на 5 и 6 декември 2019 година во Братислава, Словачка.

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во британскиот Форин офис се сретна со државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Кристофер Пинчер. Ова е прва средба на двата министри по стапувањето на должност на Пинчер во јули оваа година. 

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на нашата земја во чиј состав се и заменичката на претседателот во Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик претседателот во Владата за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на Состанокот на лидерите на НАТО во Лондон на 3 и 4 декември, со кој одбележува 70 годишнината од постоењето на Алијансата.

Денес, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на тинк тенк настанот на тема „Проширувањето на ЕУ на Западен Балкан“ во организација на Прогрес институтот за социјална демократија и во соработка со финската Фондација Калеви Сорса.

 

За неколку дена во Лондон, нашата држава седнува на масата на лидерскиот самит на Алијансата, рамноправно со најмоќните земји на светот. Министрите Шекеринска и Димитров на денешната средба со шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковникот Зоран Јанковиќ се заблагодарија за сета досегашна поддршка од НАТО Канцеларијата, особено поддршката во последните две години и истрајноста во достигнувањето на оваа, за граѓаните и државата, децениска стратешка цел.

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Нивес Тигањ.

 

Конзуларни услуги