Соопштенија

Соопштенија до јавноста

ОСМАНИ И ДИМИТРОВ ЕДНОГЛАСНИ: МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ И ПОКАНА ЗА НАТО

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваа на работна средба со амбасадорите на земјите - членки на Европската Унија во Македонија, организирана  од страна на амбасадорот на Република Бугарија во земјава, Иван Великов Петков. Тема на состанокот беа политичките состојби околу евроинтегративните процеси во Република Македонија, а во контекст на пораките и заклучоците од софискиот Самит посветен на Западниот Балкан.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров,  на 24 и 25 мај 2018 год. (четврток и петок) во Њујорк, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија Виктор Димовски, денес, 17 мај 2018 година, учествуваше на Конференцијата на тема  „Европа и Балканот“, во организација на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

 

Вториот ден од работната посета на Хаг,  министерот Димитров го заокружи со средба со Стеф Блок, министер за надворешни работи на Холандија.

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, денес, во Париз учествуваше на состанокот на високо политичко ниво на Иницијативата за безбедносна пролиферација, по повод 15-годишнина од нејзиното формирање. Целта на оваа Иницијатива е спречување на пролиферација на оружје за масовно уништување преку имплементација на практични мерки на пресретнување на илегални трансфери на материјали за оружје за масовно уништување, како и системи за нивна испорака.

На првиот ден од работната посета на Кралството Холандија, МНР Никола Димитров оствари средба со Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW), Ахмет Узумџу.

 

Изминатиот викенд на терените на тенискиот клуб „МТП“ во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, „Дајнерс Клуб Интернационал“ и „Дипломатскиот клуб-Скопје“, се одржа тениски турнир во двојки.

 

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров,  утре (сабота, 12 мај 2018 год.) ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, во присуство на личниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц. Средбата ќе се одржи во Сунио, Грција, со почеток во 10:30ч. по локално време.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, Никос Коѕијас, учествуваше на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група, во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“,  кој се одржа на 10 и 11 мај, 2018 година, во местото Сунио, во близина на Атина.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари средба со државниот министер надлежен за Европа во министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаел Рот.

 

Конзуларни услуги