Интервјуа и говори

Интервјуа и говори на министерот

Во неколку наврати ги повикувате поголемите држави да влијаат врз Грција да седне и да разговара за решение на името. Кој би бил механизам тие да ја натераат Атина да го направи тоа?

МНР Попоски - Кога зборуваме за механизам за барање решение, не зборуваме за уцени. Наша цел не е да и се нанесе штета на Грција, наша цел е Грција да ни овозможи да почнеме преговори и да станеме земја-членка на НАТО. Земјите-членки на ЕУ и на НАТО кои покажуваат големо ниво на солидарност за помош на Грција во овие тешки моменти, исто така треба да употребат дел од нивното влијание и нивното време за да успееме Грција да ја убедиме дека е во наша корист да постигнеме решение. За тоа зборуваме и сметам дека во таа насока ќе биде најкорисна, и германската, и вклученоста на сите други земји-членки на ЕУ и на НАТО.   

Николај Стајков “Пресса”

1. Со Вас, г-дине Попоски, разговаравме во Скопје, февруари 2013 г. Тогаш кажавте дека сте “засегнат”, бидејќи Бугарија на 11 декември 2012 г., во Брисел, практично ја блокираше Македонија во добивањето датум за преговори за членство во ЕУ. И преку “Преса” повикавте: “Немојте да ни го попречувате патот кон Европа”. Дали денес продолжувате да се чувствувате блокирани или има промена?

МВ: Господине министре, како ги оценувате актуелните македонско – српски односи?

НП: Македонско-српските односи се во континуитет добри, меѓу двете држави практично и не постојат прашања кои би ги обремениле истите. Односите ги карактеризира висок степен на меѓусебно разбирање и уважување. Двете држави споделуваат европски аспирации и вредности, што е значаен фактор во унапредувањето на севкупните меѓусебни односи и соработка. Заедно со Владата на Република Србија работиме на изнаоѓање на потенцијали за натамошно надградување на соработката во сите области во кои постои заемен интерес, идентификувани на првата заедничка седница на двете Влади, со посебен акцент на натамошно унапредување на економската соработка.

Најновиот извештај на Светската банка за глобалните економски проекции објавен во јануари 2014 год. прогнозира раст на македонската економија од 3% во оваа година, со кој земјата бележи водство пред сите свои соседи, вклучувајќи ги Албанија, Бугарија, Грција и Србија. Истовремено, Извештајот за водење бизнис (Doing Business Report) на Светската банка за 2013 год. ја рангираше земјата на 25-то место во светски рамки според леснотијата при остварувањето деловни активности во неа, при што, овој пат, таа бележи и особено високи резултати во однос на формирање нови претпријатија и обезбедување пристап до кредитни линии.

ГРЦИЈА НИ НАМЕТНА ЗАКОН НА ЏУНГЛАТА!

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во екзклузивно интервју за Капитал веднаш после разговорите во Њујорк помеѓу медијаторот Метју Нимиц и преговарачите на македонската и грчката држава, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, испраќа порака дека „во разговорите во Њујорк низ дводецениска практика докажано е дека Грција или ништо не прави конкретно, или вади целосно откачени идеи без контакт со правото чисто заради обезбедување алиби дека има активност додека со одбива иницијативите за отворен дијалог на премиерско и претседателско ниво“

Потребни се повеќе средби и проекти за промена. Ништо повеќе симболично отколку претседавањето со ЕУ за сето ова да се случи, вели Министерот за надворешни работи на Македонија во интервју за Independent.mk.

Дали верувате дека грчкото претседателство на ЕУ ќе биде повод за да бидете домаќин на Евангелос Венизелос?

 

Ваша Екселенцијо Амбасадоре Шчербак,

Почитувани Екселенции,

Почитувани гости,

Дами и господа, пријатели,

 

Попоски: Ние сме во фаза кога во Македонија има високо ниво на мотивација за постигнување решение, но од друга страна имате мотивација што е на исклучително ниско ниво со оглед на околностите во Атина и имате тенденција на одолжување и нерешавање.

 

Конзуларни услуги