Северна Македонија во светот

Северна Македонија во светот

На 10 ноември 2019 година, амбасадата на Република Северна Македонија во Токио учествуваше на најголемиот фестивал во градот Чигасаки (град домаќин на македонските спортисти за ОИ 2020).

 

На 16 октомври 2019 година, на свечена церемонија во Форин Офис, министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Доминик Раб, во присуство на амбасадорката на Република Северна Македонија, Александра Миовска, го потпиша Ратификациониот инструмент со кој Обединетото Кралство го потврди НАТО-Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон Алијансата.

      На 12 септември 2019 година, во Лондон, беше одржана свечена церемонија на воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Федерацијата на Свети Кристофер и Невис.

По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември, Амбасадата во Париз организираше прием на кој почесен гостин беше Министерот за надворешни работи Никола Димитров, а присуствуваа високи претставници на  дипломатскиот кор,  на општествениот, културниот и политичкиот живот во Франција, како и претставници на дијаспората  кои живеат и работат во оваа земја.

Голем број дипломатско – конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во светот свечено го одбележаа “Денот на независноста – 8 Септември”.

 

 

Во Копенхаген, во организација на Данскиот филмски институт, беше отворен Фестивал на македонскиот современ филм. На отворањето на Фестивалот, пред бројна публика,  беше прикажан филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески.

На 16 мај 2019 година, на свечена церемонија во Претседателската палата во Киeв, новоименуваниот вонредни и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија  во Украина, Крум Ефремов ги предаде акредитивните писма на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

Во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана вчера, 17. 04. 2019 беше основан „Македонски бизнис клуб“. Станува збор за граѓанска асоцијација во која членуваат претставници на македонски компании присутни во Република Албанија, македонски експерти, носители на проекти и учесници во меѓународни програми ангажирани од меѓународни организации, како и граѓани кои по разни основи се ангажирани во албанските институции.

Денес (11 април 2019г.) во Кралската палата во Мадрид, новоименуваниот амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Шпанија Оливер Крлиу, му ги предаде акредитивните писма за неговото именување на шпанскиот крал Фелипе VI.

 

Во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Република Албанија, во Пустец се одржува неколку дневен Семинар за македонски јазик наменет за наставниците од основните училишта и гимназијата во Мала Преспа. Во дел од предавањата ќе бидат опфатени и група воспитувачи од локалната градинка. Предавачи на Семинарот се професори од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и Педагошкиот факултет од Скопје.

Конзуларни услуги