Соопштенија

Денеска, по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Социјалистичка Република Виетнам, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Драгана Кипријановска оствари средба со амбасадорот на СР Виетнам во Република Македонија, со седиште во Софија, Ле Дук Лу.

 Slika 1

На средбата беше изразено взаемно задоволство од одбележувањето на овој значаен јубилеј и беа разменети мислења за можностите и перспективите за унапредувањето на севкупната соработка во иднина, во сите сфери од заеднички интерес за двете земји.

Соговорниците го поздравија фактот што токму на денот на одбележувањето на јубилејот 20г. дипломатски односи, беа потпишани два клучни договори со кои се отвора патот за натамошната билатерална економска соработка: Договорот за одбегнување на двојно оданочување и превенција на фискална евазија по однос на даноците од доход и капитал, и Договорот за промоција и заштита на инвестиции меѓу двете држави.

Slika 2
ЗМНР Кипријановска го нагласи значењето на одржувањето на првите политичките консултации на ниво на заменици министри за надворешни работи меѓу двете земји, при што беше изразено очекување за што поскоро усогласување на термин за нивното одржување. Воедно, ја реафирмира поканата за реализација на возвратна посета на министерот за надворорешни работи на СР Виетнам, на Република Македонија, што ќе придонесе за натамошно продлабочување на односите меѓу двете држави и двата народи.

Покрај овие прашања, беа разменети и мислења за мултилатералната соработка, како и за актуелните меѓународни и регионални прашања.

Конзуларни услуги