Соопштенија

На 01 септември 2014 година амбасадорот Игор Есмеров ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Унгарија Јанош Адер, за негово назначување за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Унгарија.

 

 Slika 1

По официјалните церемонијални активности амбасадорот Есмеров оствари средба со претседателот Адер во рамките на која беа потенцирани добрите пријателски и партнерски односи меѓу двете држави, а беа разменети и мислења за продлабочување на економската соработка, пред сѐ во делот на трговската размена и директните инвестиции.

Slika 2

Претседателот Адер посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Есмеров ја нагласи унгарската поддршка за евроатлантските интегративни процеси на Република Македонија и изрази интерес за поддршка на Република Македонија во користењето на европските фондови.

Slika 3

Конзуларни услуги