Соопштенија

На маргините на Генералното собрание на ОН, на 26.09.2014 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, учествуваше на состанокот на тема „Украинската криза, ОБСЕ и иднината на европската сигурност”, организиран од страна на претседавачот со ОБСЕ за 2014 година, швајцарскиот министер за надворешни работи, Дидие Буркхалтер. Во тој контекст беше подвлечен значајот на Протоколот од Минск и потребата од негова имплементација, како и на значајната улога на ОБСЕ и мерките кои организацијата ги има преземено за решавање на кризата.

 Slika 1

Министерот Попоски, на покана на првиот потпретседател на Владата на Република Хрватска и министер за надворешни и европски прашања, г-ѓа Весна Пусиќ, зема учество денеска на паралелниот министерски состанок на тема „Интегриран пристап кон родовата димензија за одржлив развој во пост-конфликтен контекст.“ Состанокот претставуваше одлична можност за размена на мислења околу важноста за постигнување на родова еднаквост во контекст на обезбедување на одржлив развој особено во области погодени од конфликти.

Slika 2

Македонскиот министер се сретна со министерот за надворешни работи на Лихтенштајн Аурелиа Фрик со кого разговараа за одличните односи помеѓу двете земји и за соработката на мултилатерално ниво. Министерот Попоски се сретна и со новиот министер за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу. Министрите разговараа за натамошно придвижување на економските проекти и инвестиции, особено оние започнати за време на неодамнешната посета на премиерот Груевски на Турција, но и за соработка и размена на знаења во образованието и здравството.

Slika 3

Министерот Попоски се сретна и со министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос. Министрите се фокусираа на области на соработка, особено во регионалната инфраструктура. Министерот Попоски, после средбата, изјави:

“Планините си стојат околу наметнатиот спор. Бараме околу нив клисури за соработка. Права и сила, не секогаш одат заедно. Во македонско-грчките односи тие се судруваат.

“Но постојат и заеднички интереси за проекти и соработка кои ќе ни помогнат да напредуваме и да ја премостуваме големата недоверба која постои меѓу нас. Тоа и одговара на Грција, за да одврати внимание од штетата што ни ја нанесува со блокадите, економската и политичката. Тоа е помалку штетно и за Македонија, отколку алтернативата да немаме никакви допирни полиња со југот. ”

“Во однос на процесот во ОН, резултатот зависи исклучиво од посветеноста и интересот на тој што го наметнал и оној на кого е наметнат спорот. Во тој момент, никој нема дилема дали соседите на југот се посветени на решение. Да не говориме пак, колку размислуваат на меѓународното право и поредокот.”

Slika 4

Министерот Попоски го придружуваше Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на средбата со Генералниот секретар на Обединетите нации. Повеќе за средбата може да се најде на следниот линк.

Slika 5

Утредента наутро, на 27.09.2014г, министерот Попоски учествуваше на работниот појадок организиран од страна на министерот за надворешни работи на Лихтеншајн.

Slika 6

На средбата се разговараше за неформалната министерска мрежа која би целела да даде политичка тежина на Меѓународниот кривичен суд. Македонија, најави министерот Попоски, е во завршна фаза на ратификација на амандманите околу Римскиот статут.

Конзуларни услуги