Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Никола Попоски, на 14 јули 2014 година, ќе оствари средба со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави, задолжена за европски и евроазиски прашања.

 

За време на средбата се очекува да се разговара за билатералните односи меѓу двете пријателски држави, засновани на доверба, стратешко партнерство, како и регионална и глобална соработка, во рамките на меѓународните мировни мисии.

Ќе се потврди заложбата на Владата и институциите на Република Македонија во спроведувањето на реформите во контекст на завршување на процесот на потполно интегрирање на државата во евроатлантските организации. Министерот Попоски ќе ја пренесе и јасната посветеност на Република Македонија на процесот на разговори со нашиот јужен сосед, со цел деблокада на интеграцијата на земјата во НАТО и Европската Унија.

Конзуларни услуги