Соопштенија

На покана на францускиот претседател Франсоа Оланд, делегација на Република Македонија учествуваше на свеченото одбележување на стогодишнината од првата светска војна што се одржа денеска во Париз по повод Националниот празник на Француската Република-14 јули.

 

Slika 1

Македонската делегација беше предводена од заменик министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска, придружувана од националниот координатор за Франкофонија, Габриел Атанасов. На меѓународното дефиле во француската престолнина, нашата држава ја претставуваа четворица млади франкофони Дарко Ристовски, Барда Имери, Дарјан Стојановски и Ана Корженска.

Slika 2

На военото дефиле, Армијата на Република Македонија ја претставуваа потполковник Тони Апостолски, како знаменосец и капетаните Дејан Величковски и Даниел Дионизовиќ. Заменик министерот за надворешни работи, Кипријановска, присуствуваше на ручекот организиран од Министерот за Одбрана на Француската Република, Жан Ив Ле Дриан. На свеченото одбележување на стогодишнината од првата светска војна во Париз учествуваа над 70 меѓународни воени и цивилни делегации од земји учеснички во првата светска војна.

Slika 3

 

Slika 4

Конзуларни услуги