Соопштенија

На покана на францускиот претседател Франсоа Оланд, делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи Драгана Кипријановска, учествува на свеченото одбележување на стогодишнината од првата светска војна што се одржува денеска (14 јули 2014 г.) во Париз.

На меѓународното дефиле во француската престолнина, нашата држава ќе ја претставуваат четворица млади франкофони и тројца претставници на Армијата на Република Македонија.

 

На настанот е предвидено присуство на повеќе од 70 меѓународни воени и цивилни делегации од земји учеснички во првата светска војна.

Конзуларни услуги