Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе патува во придружба на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, кој во следниве два дена ќе престојува во Република Хрватска.

 

Денеска, 14 јули 2014 година во Цавтат, претседателот Иванов ќе учествува на „Самит 100“ заедно со бизнис лидерите и најистакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. Главна тема на годинешниот самит ќе биде подобрувањето на економските прилики и регионалната соработка.

 

Додека утре 15 јули 2014 година во Дубровник, претседателот Иванов ќе учествува на Состанок на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“.

Конзуларни услуги