Соопштенија

Најостро ги осудуваме иранските ракетни напади врз американските и коалициските воени бази во Ирак. Сметаме дека ваквите неприфатливи постапки дополнително ги зајакнуваат тензиите и го зголемуваат ризикот од воен судир од пошироки размери.

 

Апелираме на максимална воздржаност и преземање на мерки за создавање на предуслови за постепено смирување на тензиите и нормализирање на состојбата. Република Северна Македонија останува во постојани консултации со своите партнери од ЕУ и НАТО и ги поддржува настојувањата за деескалација на состојбата во Ирак.

Конзуларни услуги