Press Releases

МНР со загриженост ги следи состојбите предизвикани од големата огнена стихија во Австралија, изразувајќи солидарност со Владата и со граѓаните на оваа пријателска земја, како и надеж за брзо ставање на пожарите под контрола и враќање на животот во нормалните текови. 

 

Воедно, МНР ги повикува сите граѓани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Австралија внимателно да ја следат состојбата и стриктно да се придржуваат до препораките и упатствата на локалните власти. Во случај на потреба, граѓаните на Република Северна Македонија можат во секое време  да ги контактираат Амбасадата во Канбера, +61 432 564 655, +61 413 126 656 и [email protected], како и Генералниот конзулат во Мелбурн, ‪+61 432426224‬ и ‪[email protected].