Press Releases

Во контекст на најновите настани во Ирак и зголемената можност од ескалација на насилствата, МНР им советува на граѓаните на Северна Македонија да не патуваат во оваа земја како и да се воздржат од патување во Иран. 

За оние кои веќе се наоѓаат во тие земји, како и на поширокиот простор на Блискиот Исток, МНР советува претпазливост и постојано следење на состојбата, а во случај на потреба веднаш да се јават на дежурниот сервис во МНР: +389 75 273 732 или на останатите ГлобалСОС телефони во најблиските дипломатски претставништва на Република Северна Македонија, Анкара +90 539 456 97 10, Истанбул +90 545 614 97 77, Тел Авив +972 737 154 900, Доха +974 665 979 44, Абу Даби +971 564 41 7532. Напоменуваме дека овие броеви се достапни и на „Viber“ или „WhatsApp“ апликациите.