Соопштенија

Денес министерот за надворешни работи Никола Димитров се обрати на настан организиран од страна на амбасадата на Република Австрија во Република Северна Македонија, по повод одбележување на 25 годишнината од денот на воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји.

 

MNR122319OA 0914

Во своето обраќање министерот Димитров се осврна на континуираниот позитивен тренд на билатерални односи и соработка меѓу двете пријателски земји, како и на силната австриска поддршка во однос на нашите ЕУ аспирации.

MNR122319OA 0928

Притоа, МНР Димитров истакна: „Во октомври, не ја добивме очекуваната одлука, но и покрај сложената ситуација во самата Европска Унија, пријателска Австрија продолжува со својот активен ангажман во полза на валоризирање на постигнатото на Северна Македонија, и верувам дека со заеднички напори ќе успееме да ја добиеме заслужената одлука за започнување на пристапни преговори многу скоро, заземајќи го постепено соодветното место во европското семејство.“

На настанот организиран на Филозофскиот факултет во Скопје, Амбасадата промовираше и книга за почетоците на австриската дипломатија во земјава, а покрај МНР Никола Димитров, пригодни обраќања, пред претставниците на дипломатскиот кор и академската заедница, имаа и австрискиот амбасадор Георг Вуцас и ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.

MNR122319OA 0916

MNR122319OA 0929

Конзуларни услуги