Соопштенија

На 13 декември 2019 година, во Тирана се одржа состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската Повелба, на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки и набљудувачи на Повелбата. Со состанокот претседаваше в.д. министер за Европа и надворешни работи на Р. Албанија, Гент Цакај.

 

a5 vo Tirana DSEK Popov 04

Во оваа прилика, претставниците на земјите членки на САД-Јадранската Повелба имаа можност заеднички да го разгледаат напредокот на соработката во рамки на САД – Јадранската Повелба и рамката на идни активности во овој формат, со цел натамошен придонес кон безбедноста и стабилноста на Регионот.

Во своето излагање на состанокот, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Попов ја истакна важноста на САД-Јадранската повелба, како значајна Платформа за унапредување на регионалната соработка и поддршка за земјите на патот кон евро-атлантските интеграции. Државниот секретар ја нагласи потребата за засилување на заедничкиот, регионален придонес за зачувување на безбедноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.

a5 vo Tirana DSEK Popov 05

Државниот секретар Попов во оваа прилика ја реафирмира подготвеноста на Северна Македонија, како идна земја членка на НАТО Алијансата да дејствува како стабилизирачки фактор во Регионот преку промовирање на Евроатлантските вредности, како и поддршка на другите членки на Повелбата во остварување на нивните евроатлантски аспирации.

На состанокот, од страна на учесниците беше поздравена динамиката на ратификација на Пристапниот протокол на РСМ и изразено очекување веќе следната година нашата земја да стане полноправен член на НАТО, со што дополнително ќе се зајакне безбедноста и стабилноста на целиот Регион.

a5 vo Tirana DSEK Popov 02

Државниот секретар Попов имаше прилика да реализира и повеќе билатерални средби со учесниците на состанокот.

a5 vo Tirana DSEK Popov 01

a5 vo Tirana DSEK Popov 03

Конзуларни услуги