Соопштенија

Денес министерот за надворешни работи Никола Димитров се сретна со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија др. Стефан Холтхоф Пфортнер, кој беше во посета на Република Северна Македонија. На средбата се разменија мислења за европските интеграции на Северна Македонија, осврнувајќи се на разочараноста од исходот на октомврискиот Европски самит и решеноста за конструктивно дејствување со фокус на иднината.

 

MNR121219OA 0808

Министерот Димитров го информираше соговорникот за постигнатите резултати во клучните реформски области и следните чекори на планот на европската агенда на земјата. На средбата се разгледаа можностите за продлабочување на билатералната соработка со оваа германска покраина, за што беа разменети и конкретни иницијативи во оваа насока.

MNR121219OA 0809

Министерот Холтхоф Пфортнер ја нагласи целта на својата денешна посета на земјава – заедничко утврдување на конкретни мерки за поддршка на планот на билатералната соработка, како и на планот на нашите ЕУ аспирации, оценувајќи ги истите како заеднички интерес и на самата ЕУ.

MNR121219OA 0811

Посетата на министерот др. Стефан Холтхоф Пфортнер претставува дополнителна потврда за германското пријателство и поддршка на европската перспектива на нашата земја.

Конзуларни услуги