Press Releases

Одбележувањето на 10 декември, денот на човековите права, годинава е во знакот на прославата на 30 годишниот јубилеј од донесувањето на еден од најстарите и најзначајните акти за промоција, заштита и унапредување на правата на најранливата категорија на лица - Конвенцијата за правата на детето.

 

Без исклучок, правата на секоја индивидуа со самото нејзино раѓање, како и оние кои истата ги стекнува преку општествената интеграција, го уживаат предзнакот на недискриминација, еднаквост, обврска за дејствување и нивна заштита. Сепак, и во услови кога глобалната акција како резултат на општествена свест за уживање и потребата од заштита на човековите права е на особено високо ниво, за жал се уште светот се соочува со тренд на сериозни кршења на истите. Затоа одбележувањето на годишниот јубилеј од усвојувањето на споменатиот акт, се смета како можност за повторување на заложбите за доследно почитување, заштита и санкционирање на секое кршење на човековите права.

Република Северна Македонија во тој контекст, ќе остане на зацртаните определби во кои заштитата и промовирањето на човековите права ќе бидат приоритетни обврски и цели на државата, реафирмирајќи ја притоа подготвеноста за создавање простор за достоинствено остварување  на постојните права на секоја една индивидуа без исклучок.