Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес во британскиот Форин офис се сретна со државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство, Кристофер Пинчер. Ова е прва средба на двата министри по стапувањето на должност на Пинчер во јули оваа година. 

WhatsApp Image 2019 12 03 at 18.10.58

На средбата, беше потврдено пријателството меѓу двете земји кое се отсликува во богатата економска соработка, интензивниот политички дијалог на повеќе нивоа и зајакната безбедносна и одбранбена соработка. 

Министерот Димитров се заблагодари за ратификацијата на Пристапниот протокол во британскиот парламент и севкупниот ангажман на Обединетото Кралство во насока на поддршка во овој период на интеграцијата на земјата. 

Државниот министер Пинчер упати честитки за постигнатиот успех на земјата во изминатиот период и посака добредојде во семејството на земји-членки на НАТО. Истакна дека Северна Македонија и натаму може да смета на поддршката од Обединетото Кралство, бидејќи иако е на пат да ја напушти ЕУ, ОК сепак не ја напушта Европа и останува силно посветено на развивање на билатералните односи со секоја од европските земји, а посебно со земјите од Западниот Балкан.

Конзуларни услуги