Соопштенија

За неколку дена во Лондон, нашата држава седнува на масата на лидерскиот самит на Алијансата, рамноправно со најмоќните земји на светот. Министрите Шекеринска и Димитров на денешната средба со шефот на Канцеларијата на НАТО во Скопје, полковникот Зоран Јанковиќ се заблагодарија за сета досегашна поддршка од НАТО Канцеларијата, особено поддршката во последните две години и истрајноста во достигнувањето на оваа, за граѓаните и државата, децениска стратешка цел.

MNR112819OA 0236

Средбата се реализира во пресрет на Самитот на Алијансата во Лондон на 3 и 4 декември на кој ќе учествува висока владина делегацијата, предводена од Претседателот на Владата Зоран Заев.

Министерот Димитров ја истакна посветеноста и важноста која нашата земја му ја придава на членството во НАТО, претставувајќи ги нашите позиции во однос на актуелни значајни прашања за Алијансата. 

MNR112819OA 0233

„Денес со колешката Шекеринска имавме убава прилика да се заблагодариме на полковникот Јанковиќ кој заедно со сите негови претходници имаат голем удел во претстојниот голем успех исполнување на една од двете најголеми стратешки цели, практично од нашата независност. Не дели само една ратификација од полноправното членство. Во Министерството за надворешни работи веќе подготвивме нацрт – закон за ратификација на Северноатлантскиот Договор. Како што кажа генералниот секретар Столтенберг – убаво е да се има пријатели, убаво е да се има моќни пријатели и за прв пат на лидерската маса ќе бидеме застапени, предводени од премиерот Заев на 3 и 4 декември во Лондон. Тоа што за 10 месеци имаме 28 ратификации говори дека сме добредојдени во Алијансата и се надеваме дека тоа ќе биде одбележано и во еден параграф од завршната декларација на состанокот на лидерите во Лондон.“

MNR112819OA 0249

Министерката Шекеринска посочи дека учеството лидерскиот состанок на НАТО, како рамноправни со останатите 29 сојузници, е историски ден за државата.

„За прв пат не дозволуваме некој друг за нас да дискутира, туку седиме на масата на која што се носат одлуки кои влијаат на целиот свет. На состанокот на НАТО лидерите ќе бидеме не само присутни, туку и ќе учествуваме и за разлика од ситуацијата пред година и половина во Брисел кога за нас се дискутираше без да бидеме внатре, сега ќе имаме прилика да кажеме – да, ние нашата историска улога ја исполнивме. Тоа немаше да се случи да не беше стратешката поддршка на сите граѓани на оваа држава, тоа немаше да се случи без навистина стратешкиот поглед на Владата, но тоа немаше да се случи и без големата поддршка од страна на Алијансата“, рече министерката Шекеринска по средбата.

Министрите на средбата ја пренесоа заложбата на Владата за конкретен придонес како идна 30–та земја членка на Алијансата, во унапредувањето на трансатлантското единство и безбедност, како и нашата посветеност кон праведната распределба на финансискиот товар; поддршката во борбата против тероризмот; придонесот во концептите на НАТО за одвраќање и одбрана; за поддршката на политиката на НАТО за проектирање на стабилност; определбата за наше натамошно учество и придонес во меѓународните операции; подготвеноста за справувањето со неконвенционалните безбедносни закани, како и за други прашања од заеднички интерес на Алијансата, кои придонесуваат за побезбедна Евроатлантска област.

MNR112819OA 0245

Шефот на Канцеларијата на НАТО во државата, полковникот Јанковиќ изрази задоволство од средбата со министрите Шекеринска и Димитров непосредно пред историскиот самит каде ќе се разговара за многу важни теми за Алијансата.

„Досега, имавте можност да земете директно учество во состаноците на ниво на началници на генералштабови на ниво на министри, но следната недела ќе имате можност да седите на маса на лидерскиот состанок. Ова е всушност многу важен показател на посветеноста и напорот што го вложивте во последниве две години, што, секако, е резултат на работата на оваа Влада, а особено би рекол, на Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи, и од мое лично име би сакал да ви се заблагодарам за овие напори“, рече полковникот Јанковиќ.

Конзуларни услуги