Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на 7 и 8 ноември 2019 година е во работна посета на Женева, како дел од делегацијата предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, а со цел учество на состанокот организиран од Светскиот економски форум на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан.“

 

МНР Димитров МНР Дендиас Женева

На маргините од лидерскиот состанок, министерот Никола Димитров денес се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас. На средбата беа разменети видувања за најновата состојба во билатералните односи, состојбите во регионот, како и неговата европска перспектива по исходот на последниот Европски совет. Министерот Димитров изрази задоволство од досегашната соработка со Грција и нивниот ангажман во полза на започнувањето пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Во тој контекст, го нагласи очекувањето Грција да продолжи да биде наш силен поддржувач и промотор на нашата интеграција во ЕУ. 

Двајцата министри се согласија за можностите за унапредување на политичкиот дијалог и интензивирањето на билатералната соработка во сите области од заеднички интерес, преку понатамошната имплементација на Преспанскиот договор.

49032937567 1754e77d5b k

Конзуларни услуги