Соопштенија

На 7 ноември 2019, Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов ја прими амбасадорката на Црна Гора во Северна Македонија г-ѓа Марија Петровиќ.

 

DSEK110719OA 0059 Edit

На средбата, државниот секретар Зоран Попов изрази уверување дека традиционално пријателските односи и интензивната соработка меѓу двете двете држави, засновани врз споделени европски и евроатлантски вредности, ќе го одржат позитивниот тренд и ќе се збогатат со нови содржини од заемен интерес. Во овој контекст, беше поздравена високото ниво на политичкиот дијалот, за што сведочи и неодамнешната официјална посета на претседателот Мило Ѓукановиќ на нашата земја.

Двајцата соговорници разменија и мислења за актуелните состојби  во двете земји и перспективите за натамошен развој на соработката, со  посебен осврт на интересот за унапредување на економската соработка и развој на туристичката размена. Исто така, приликата беше искористена и за разгледување на состојбите во Регионот, како и заемните напори за унапредување на процесот на европската интеграција и регионалната соработка.

Конзуларни услуги