Соопштенија

На 5 ноември 2019, во просториите на МНР се одржа средба меѓу државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов и амбасадорот на Република Бугарија во Северна Македонија г-дин Ангел Ангелов.

 

DSEK110519OA 0058 Edit

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави, која во последните две години од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка (ДПДС) бележи позитивни резултати во скоро сите области од заеднички интерес, посебно на економски план и во туризмот. Нагласен беше интересот за значењето од инфраструктурната и енергетската поврзаност, како и други области, кои ќе бидат и теми на заедничкото претседавање со Берлинскиот процес во текот на наредната година.

Државниот секретар Зоран Попов се заблагодари за поддршката на Република Бугарија за време на последниот Европски совет, како и изјавите и напорите кои бугарската страна ги прави за што поскоро ставање на дневен ред на прашањето за започнување на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ. Воедно, изрази задоволство од досега постигнатите резултати во економските показатели, трговската размена, како и позитивниот тренд кој продолжува за нивно интензивирање. Беа разменети мислења и за клучните активности за време на ко-претседавањето на Северна Македонија и Бугарија со Берлинскиот процес за 2020 година.

Заедно со амбасадорот Ангелов, беше подвлечено дека иднината на Република Северна Македонија е во членството во ЕУ и НАТО, што ќе допринесе за развој и стабилност во целиот Регион. Воедно, разгледани беа и наредните чекори и активности на билатерален план, во функција на продолжување на конструктивната меѓусебна соработка.

 

 

Конзуларни услуги