Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија г-дин Зоран Попов денеска оствари средба со амбасадорот на Италијанската Република во Северна Македонија г-дин Карло Ромео.

 

IMG 9204 2

На средбата беше изразено задоволство од успешниот развој на билатералните односи меѓу двете земји, со нагласок на заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски.

Соговорниците разменија мислења за перспективите на процесот на проширување на Европската унија, како и следните чекори за што поскоро отворање на пристапни преговори со нашата земја.

Државниот секретар Попов посочи дека интегрирањето на Западен Балкан во Унијата и прифаќањето на европските вредности ќе ја зацврсти стабилноста на Регионот, пренесувајќи го консенсузот на сите релевантни политички чинители во државата дека полноправното членство во ЕУ нема алтернатива. Се заблагодари за силната и континуирана поддршка од Италија во процесот на евро-атлантските интеграции и изрази задоволство од динамичниот политички дијалог меѓу двете земји на највоско ниво.

Амбасадорот Ромео искажа уверување дека Италија ќе продолжи да ја поддржува С. Македонија на евроатлантскиот интегративен пат, упатувајќи порака дека неговата земја останува силен поборник за членство на сите земји од Западен Балкан во Европската унија, и посебно за Северна Македонија.

Соговорниците разговараа за можностите за продлабочување на економските односи, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу двете држави и во други области од взаемен интерес.

Конзуларни услуги