Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи г-дин Зоран Попов оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Кралството Шпанија во Северна Македонија г-дин Емилијо Лоренсо Сера.

 

Взаемно беше констатирано задоволство од досегашниот развој на односите меѓу двете земји и спремноста за интензивирање на политичкиот дијалог и вкупната соработка во сите области од заеднички интерес, со посебен ангажман за унапредување на економската соработка.

Државниот секретар Попов упати благодарност на шпанската конзистентна и принципиелна поддршка за реализација на македонските аспирации за членство во ЕУ и НАТО. Посакувајќи му успех на шпанскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел во извршувањето на новата функција, висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, изрази уверување дека таквата поддршка ќе продолжи и во неговиот нов ангажман. Северна Македонија очекува Шпанија што поскоро да ја заврши ратификацијата на пристапниот договор за членство во Алијансата, по парламентарните избори, со што ќе се заокружи и нашето формално сојузништво.

Амбасадорот Сера нагласи дека Шпанија го поддржува отворањето на преговори со Северна Македонија, посебно ја поздрави одлуката на сите политички чинители во државата за продолжување на европската интеграција со поддеднакво темпо и реализација на сите потребни реформи. Во однос на нашето членство во НАТО, нагласи дека Шпанија ќе ги преземе сите потребни чекори за што поскора ратификација на пристапниот протокол на С. Македонија, веднаш кога за тоа ќе бидат создаден услови на внатрешен план.

Конзуларни услуги