Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа кои, под раководство на заменикот помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржуваат советување во Скопје.

E963E71E 61E6 477B 8355 C2134269494B

Во обраќањето пред амбасадорите на САД во Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, високите претставници на Стејт Депертментот и претставници на Министерство за надворешни работи, министерот Димитров изрази задоволство од изборот на нашиот главен град за место на одржување на регионално советување на американските амбасадори.

МНР Димитров: „Дојдовте во интересно време. Благодарни сме што споделуваме заедничка визија за Регионот. Завршивме голема работа,направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот”.

A0865881 4CF5 476E B027 4ECB3741EB3E

Ова е дополнителна потврда и за цврстото и продлабочено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, додавајќи дека регионалното советување на амбасадорите на САД во Скопје претставува можност и за продлабочена размена на мислења со земјата домаќин за значајни прашања од заеднички интерес.

2D260497 05A1 4B37 A709 234B54E53E36

Министерот Димитров во оваа прилика се заблагодари и за неодамнешната ратификација на пристапниот протокол за НАТО во американскиот Сенат, а ја потенцираше и важноста на Стејт Департментот во профилирањето на американската политика на продлабочена соработка и стратешко партнерство со Република Северна Македонија.

Конзуларни услуги