Press Releases

Денеска, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ја прими Патрициа Ди Џовани, новоназначен  претставник на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија. Во оваа прилика г-ѓа Ди Џовани на ЗМНР Жерновски му ги предаде копиите од акредитивните писма.

 

IMG 20191009 135447 780

Посакувајќи и добредојде и успешна мисија на Ди Џовани, Жерновски истакна дека Владата на Република Северна Македонија високо ја цени соработката со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Ја запозна соговорничката со текот на имплементацијата на приоритетите на Владата како и со спроведувањето на националните реформи во сферата на детската заштита, образованието и здравствениот систем. Изрази очекување дека канцеларијата на УНИЦЕФ во земјата и под водство на новиот претставник г-ѓа Ди Џовани, ќе продолжи да ги поддржува активностите на Владата насочени кон реализацијата на нејзините приоритети во однос на подобрувањето на состојбата со правата на децата во Северна Македонија.

Ди Џовани го поздрави успехот  постигнат во изминативе неколку години во однос на детските права во РСМ, посебно во однос на деинституционализацијата. Беше реафирмирана и подготвеноста на УНИЦЕФ да ги поддржува натамошните реформи со цел надминување утврдените проблеми во однос на заштитата и промоцијата на правата на децата во РСМ.