Press Releases

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес го прими новоименуваниот амбасадор на НР Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

 

 

091019OA MNR Dimitrov Sredba so kineskiot ambasador 4561

Посакувајќи му срдечно добредојде на амбасадорот Ѕуо, министерот Димитров изрази очекување дека односите и севкупната соработка меѓу двете земји дополнително ќе се продлабочат и интензивираат во текот на мандатот на амбасадорот Ѕуо во Република Северна Македонија.

На средбата беше изразено заемно задоволство од воспоставениот политички дијалог меѓу двете земји, како и од степенот на развој на економската соработка, што ги вклучува и активностите и проектите во рамки на „Процесот 17+1“. МНР Димитров исто така ја истакна подготвеноста за понатамошно унапредување на севкупната соработка.

091019OA MNR Dimitrov Sredba so kineskiot ambasador 4566

Амбасадорот Ѕуо го нагласи своето задоволство што доаѓа во пријателска држава со која минатата година беа одбележани 25 години дипломатски односи. Истакна дека за време на неговиот мандат во Република Северна Македонија, ќе работи на натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и издигнување на економската соработка на уште повисоко ниво.