Press Releases

Во рамки на Проектот за поддршка на Канцеларијата на ОН на програмата за работа на Меѓуресорското тело за човековите права, како и Експертска работна група на Телото за периодот 2018-2019 година, во Велес од 2 до 4 октомври 2019 се одржа работилница на тема Ажурирање на Планот за спроведување на препораките на телата на ОН за човековите права“.

WhatsApp Image 2019 10 08 at 12.44.58

На работилницата, членовите на Експертската работна група на Меѓуресорското тело за човековите права, со поддршна на советникот за човековите права во Канцеларијата на Резидентниот претставник на ОН цо РСМ,  го елаборираа Планот за интегрирано спроведување на актуелните препораки од механизмите за човекови права на ОН упатени до Република Северна Македонија. Притоа, препораките беа приоритизирани и групирани, а беа и идентификувани и носителите за нивна имплементација.