Соопштенија

Во рамки на Генералната дебата на 74-тата сесија на Генерално собрание на Обединетите нации, министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше на состанокот на Управниот совет на Заедницата на демократии. На состанокот, министерот Димитров го реафирмираше барањето на Владата на Република Северна Македонија за приклучување  кон Управниот совет, во светло на демократскиот напредок на домашен план.

WhatsApp Image 2019 09 26 at 16.17.19

Зборувајќи за демократскиот пробив, тој посочи на континуираната посветеност на демократските вредности и подготвеноста за постојано подобрување. Подвлече дека приклучувањето на Република Северна Македонија кон Управниот совет на Заедницата, како прва земја од Западен Балкан, ќе послужи како инспирација и позитивен пример за демократското придвижување во регионот. 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше и на работниот доручек на неформалната министерска мрежа за Меѓународниот кривичен суд.

260919OA untitled shoot untitled 2937

Конзуларни услуги