Press Releases

Вчера, замeник министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ја прими на проштална средба Ана Мариа Сампаио Фернандез, вонреден и ополномоштен амбасадор на Федеративна Република Бразил за Република Северна Македонија, со седиште во Софија. 

 

ZMNR BRAZIL2

На разговорите беше изразено обострано задоволство од досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

Заменикот министер Жерновски и се заблагодари на Сампаио Фернандез за придонесот во унапредувањето на односите меѓу Република Северна Македонија и Федеративната Република Бразил, посакувајќи и успех и во нејзините идни активности.