Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, работната посета на Берлин ја заокружи со денешните средби со пратеникот на ЦДУ / ЦСУ во германскиот Бундестаг, Јохан Вадефул, со советникот за надворешна политика на Канцеларката Меркел, Јан Хекер, како и со претставниците на германското Министерство за надворешни работи, Томас Осовски, ополномошник за ЕУ и Сузане Шуц, ополномошник за Југоисточна Европа.

Dimitrov Heker

Евидентниот позитивен став на релевантните политички фактори на Германија во однос на очекуваната одлука за пристапни преговори со ЕУ во октомври, беше потврден и во овие разговори на МНР Димитров со соговорниците.

Dimitrov Vadeful

МНР Димитров: „Позитивните и исклучително важни и едногласни пораки од претставниците на германската извршна и законодавна власт, како и на експертската заедница, се најсилниот аргумент за нас дека она што го правиме и постигнуваме дома е препознаено во срцето на Европа. Тие се и охрабрувачки мотив да продолжиме со несмалено темпо во ист правец, бидејќи само така  заокружувањето на европското обединување со земјите од Западниот Балкан ќе стане непосредна реалност.”

Dimitrov Osovski

Dimitrov Shuc

Интервју на МНР Димитров за ДВ на македонски јазик за посетата на Берлин како заокружување на европската турнеја, по работните посети на Париз и Брисел

Конзуларни услуги