North Macedonia in the World

      На 12 септември 2019 година, во Лондон, беше одржана свечена церемонија на воспоставување на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Федерацијата на Свети Кристофер и Невис.

1

              
       Амбасадорката на Република Северна Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Александра Миовска и амбасадорот (High Commissioner) на Федерацијата на Свети Кристофер и Невис во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Kevin Isaak, ополномоштени од своите Влади, го потпишаа Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Федерацијата на Свети Кристофер и Невис, на македонски и англиски јазик.

2