Северна Македонија во светот

По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември, Амбасадата во Париз организираше прием на кој почесен гостин беше Министерот за надворешни работи Никола Димитров, а присуствуваа високи претставници на  дипломатскиот кор,  на општествениот, културниот и политичкиот живот во Франција, како и претставници на дијаспората  кои живеат и работат во оваа земја.

париз прием1


На приемот, кој се одржа во просториите на Амбасадата во Париз,  по изведувањето на химните на двете земји, со пригодни поздравни говори се обратија министерот Димитров и амбасадорката  Јадранка Чаушевска Димов.

Министерот Димитров порача дека  Северна Македонија и ЕУ се исправени пред историска шанса да забележат заеднички успех со  одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата. Позитивната одлука за Северна Македонија за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ ќе создаде нов импулс за нас, но и за целиот регион и за ЕУ. 

париз прием2


Од своја страна, амбасадорката Чаушевска Димов оцени дека присуството на МНР Димитров е дополнителна потврда на големото значење што Северна Македонија  го придава на билатералните односи со Франција, како и на интересот што Франција повторно го искажува за овој дел од Европа.  Покрај веќе воспоставениот интензивен политички дијалог, најави зајакната динамика и во парламентарниот дијалог, како и конкретни активности на планот на економската соработка.

париз прием3


Во рамките на приемот, беше претставена и изложбата на дела од нашите истакнати уметници, Дита Старова Керими и Решат Амети, насловена „Светлина“.

Конзуларни услуги