Соопштенија

На покана на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини и министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто (во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ), министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров вчера и денес во Хелсинки учествуваше на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ.

Gymnich

Дискусиите на состанокот беа фокусирани на регионалната соработка за прашања од заемен интерес на Европската Унија и земјите од Западен Балкан. 

Во таа прилика МНР Димитров истакна: „Во поглед на нашите европски очекувања во октомври, покрај одредени предизвици и несовршености, она што го постигнавме изминативе две години несомнено заслужува и дефинитивна валидација од нашите европски пријатели. Притоа би сакал уште еднаш да потенцирам дека нашата европска приказна е отпочната одамна и верувам ќе се согласите дека е дојден мигот за следниот чекор кон продлабочен европски пат, кој води кон комплетирање на Европа. И тука сите ние го немаме луксузот да се дозволи да бидеме колатерална штета на какво било друго прашање што не е во наши раце“.

Изјава на МНР Димитров

По состанокот беше одржан и работен ручек на кој Министрите разговараа на теми посветени на унапредување и заштита на бранителите на човековите права, и предизвиците со кои тие се соочуваат ширум светот. 

На маргините на неформалниот состанок Гимних, МНР Никола Димитров имаше прва средба со својот грчки колега, Никос Дендиас, на која во фокусот на разговорите беше имплементацијата на Преспанскиот договор. 

МНР Димитров МНР на Грција

Министерот Димитров оствари средби и куси разговори и со министрите: на Словачка, Мирослав Лајчак, на Франција, Жан-Ив Ле Дриан, на Ирска, Симон Ковени, на Романија, Рамона Манеску, на Бугарија, Екатерина Захариева, на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, на Луксембург Жан Аселборн, на Австрија, Александер Шаленберг, на Чешка, Томаш Петричек, како и со финскиот домаќинот, Пека Хависто.

МНР Димитров МНР на Франција

МНР Димитров МНР на Бугарија

МНР Димитров МНР на Хрватска

Главен акцент во разговорите од страна на министерот Димитров беше ставен на обезбедување поддршка за донесување на позитивна одлука за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија од страна на Советот на ЕУ во октомври. 

Продуктивното учество на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската Унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ беше заокружено со воспоставување дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Кипар.

image1

 

 

 

Конзуларни услуги