Соопштенија

Денес во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, беше промовиран контакт центарот за итни ситуации, наречен Глобал СОС.

 

GlobalSOS Facebook 02

ШТО Е ГЛОБАЛ СОС

Глобал СОС е контакт центар за итни случаи за сите граѓани на Република Северна Македонија, преку кој можат директно да се обратат за која било итна ситуација во странство и кој ќе им помогне или ќе ги поврзе со соодветната институција или конзуларен службеник кој ќе може да им ја обезбеди итната конзуларна услуга.

КАНАЛИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

Глобал СОС функционира на телефонскиот број +389 75 273 732 преку директен повик или на Viber, преку email [email protected] ,  преку интернет страницата mfa.gov.mk како и преку социјалните профили на МНР на Facebook и Twitter.  За многу кусо време ќе бидат достапни и апликациите WhatsApp и FB Messenger.

РАБОТНО ВРЕМЕ

Виртуелниот контакт центар работи од 08:00 – 22:00 часот секој ден, а на интернет страницата на mfa.gov.mk се објавени дежурни телефони во сите Дипломатско конзуларни претставништва, кои се достапни 24/7.  За кусо време и контакт центарот во МНР ќе биде достапен 24 часа.

ИТНИ СЛУЧАИ

Граѓаните можат да се обратат за секој случај кој го сметаат за итен, а особено за случаи како смртен случај или несреќа, изгубен или украден пасош, сообраќајна или друга незгода, елементарни и природни непогоди.  Апелираме граѓаните да го користат контакт центарот само за итни случаи.

 

На следниве линкови може да ги преземете:

- Лого

- Информативно упатство

- Видео анимација

ДЕЖУРНИ БРОЕВИ ЗА ИТНИ СИТУАЦИИ 

Конзуларни услуги