Соопштенија

Денеска во Њујорк се воспоставија дипломатски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Кореја. Заедничкото коминике за воспоставување дипломатски односи го потпишаа вршителот на работите во Постојаната мисија на Република Северна Македонија при Обединетите нации, Сања Зографска-Крстеска  и постојаниот претставник и амбасадор на Република Кореја при ОН, Н.Е. Чо Тае-јул.

IMG 20190718 WA0007

Воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји отвора нови можности за јакнење на заемната соработка на билатерален и на меѓународен план.

IMG 20190718 WA0008

Конзуларни услуги