Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров, денес имаше проштална средба со амбасадорот на Република Литванија во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, Раса Каириене.

 

190719OA MNR Dimitrov Prostalna sredba so ambasadorot na Litvanija 0222

На средбата беше направен краток преглед на досегашниот развој во пријателските односи меѓу двете земји, при што беше искажано особено задоволство  што Литванија беше меѓу првите држави кои го ратификуваа Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО. Соговорниците ја истакнаа заемната заложба за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, преку редовна размена на посети на високо ниво, како и потребата од натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план и промоција на туристичките потенцијали.

190719OA MNR Dimitrov Prostalna sredba so ambasadorot na Litvanija 0226

МНР Димитров упати посебна благодарност до амбасадорот Каириене за нејзиниот личен придонес во унапредувањето на билатералните односи,  посакувајќи ѝ успех во нејзината натамошна дипломатска кариера.

Конзуларни услуги