Соопштенија

Денеска во просториите на Министерството за надворешни работи се одржа панел дискусија на тема „Националните перспективи на крај од романското и во пресрет на финското претседателство со Европскиот Совет“, во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ во соработка со Амбасадата на Романија во Скопје и Амбасадата на Финска во Белград.

160719OA MNR Dimitrov Ucestvo na debata za EU 9863

Настанот со воведни обраќања го отворија министерот за надворешни работи, Никола Димитров и Марко Трошановски, претседател на ИДСЦС, а се обратија и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, романскиот амбасадор во Северна Македонија Виорел Станила, финскиот амбасадор Кимо Лахдевирта, ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар, директор за ЕУ во МНР Бети Јачева и Зоран Нечев, раководител на Центарот за евроинтеграции при ИДСЦС во улога на модератор.

160719OA MNR Dimitrov Ucestvo na debata za EU 9861

Во воведното обраќање, министерот Димитров истакна: „Влогот за ЕУ е висок, но и заеднички - на самата Унија и Регионот, на земјите кои испорачуваат резултати. Ние изгубивме генерација заглавени во лавиринтот на еден политички спор. Но направивме и целосно свртување во правилна насока. Зашто сега, повеќе од секогаш, сме свесни за временскиот притисок, за она што уште треба да се направи за да се сочува надежта на младите и на сите наши граѓани. Дали сме спремни да станеме членка денес? Не сме. Но дали сме спремни да го почнеме патувањето на неповратна демократска трансформација со почеток на пристапните преговори сега? Апсолутно да. Со целосно разбирање дека ова е процес каде патувањето е поважно од целта.“

На настанот воедно беа презентирани резултатите од романското претседателство, како и приоритетите на финското претседателство со Советот, нивните заложби и поддршка за кредибилна европската перспектива на земјите од Западен Балкан, актуелните случувања во регионот на Западен Балкан во однос на процесот на ЕУ интеграција, како и конкретните достигнувања на Северна Македонија во контекст на евро-интегративниот процес. Панелистите заклучија дека финското претседателство претставува реална и достижна можност за реализација на долго посакуваната цел – носење на одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.

160719OA MNR Dimitrov Ucestvo na debata za EU 9845

Конзуларни услуги