Соопштенија

На покана на реномираниот магазин The Economist, денеска во Атина, министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, учествуваше  во работата на 23-та тркалезна маса со Владата на Хеленската Република, насловена „Европа: оставајќи ја неодлучноста зад себе?“

 

170719OA MNR Dimitrov Nastan na Ekonomist 9969

Министерот Димитров заедно со министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Христодулидес, алтернативниот министер за европски прашања на Хеленската Република, Милтиадис Варвациотис, поранешниот  министер за надворешни работи на Хеленската Република, Јоргос Катругалос и амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат зборуваше на панелот насловен како „Предизвици во надворешната политика “, на кој се дискутираше за состојбата на Балканот по Преспанскиот договор, како и за енергетските предзивици кои влијаат врз регионалната геополитика.

170719OA MNR Dimitrov Nastan na Ekonomist 9999

Во контекст на билатералните односи со Грција и Преспанскиот договор, министерот Димитров истакна:

“Не мислам дека постои поприродна врска меѓу двете држави освен да бидеме сојузници и стратешки партнери. Ние мораме да развиеме чувство овде во Атина со новата влада дека ова не е товар, туку можност. И ние ќе го направиме тоа.”

Осврнувајќи се на европската перспектива на регионот, МНР Димитров го подвлече успехот на Северна Македонија и потенцеираше: „Оваа година имаме многу силен и уверлив случај во контекст на оствареното на планот на надворешната политика и домашните реформи. И доколку Европа не го препознае ова со одлука за отпочнување преговори во октомври, пораката за регионот ќе биде - не се трудете да разрешувате тешки проблеми и да трошите политички капитал на заглавени и замрзнати прашања, не се трудете да инвестирате во реформи, можеби не вреди да го правите тоа.

170719OA MNR Dimitrov Nastan na Ekonomist 9954

Место за проширување ние треба да зборуваме за комплетирање на Европа во контекст на евроинтегративниот процес.”

170719OA MNR Dimitrov Nastan na Ekonomist 9927

Конзуларни услуги