Соопштенија

На покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, на 15 и 16 јули 2019 година, министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, престојува во официјална посета на Република Северна  Македонија.

 

160719OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Turcija 9467

На средбата меѓу двајцата министри беа разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес. Со ратификацијата на Пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Парламентот на Република Турција е само потврдена блиската соработка и сојузништво меѓу двете земји кои сега и формално ќе бидат заедно во НАТО Алијансата.

160719OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Turcija 9507

160719OA untitled shoot untitled 9542

МНР Димитров: Ние бевме сојузници од самата независност на државата, а со Ратификацијата го формализиравме тоа сојузништво во поширок евроатлантски контекст. Пристапувањето на Република Северна  Македонија во НАТО ќе ја помести државата надвор од регионалните процепи на несигурност и неизвесност и ќе овозможи побезбедна и попредвидлива перспектива.”

160719OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Turcija 9756

Министрите симбилично означија нов почеток во дигитализацијата на дипломатскиот архив на МНР, инаугурирајќи го Проектот за дигитализација поддржан од Министерството за надворешни работи на Турција, а финансиран од страна на турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

160719OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Turcija 9642

160719OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Turcija 9657

160719OA MNR Dimitrov Sredba so MNR na Turcija 9704

Конзуларни услуги