Соопштенија

На 8 и 9 јули, во Високите Татри  во организација на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак, се одржува неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ОБСЕ, на кој учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

 

family photo Slovakia

Целта на Конференцијата е да се поттикне дискусијата за зајакнување на улогата на Организацијата како главен превентивен механизам во регионот на ОБСЕ, да се мобилизира политичката воља за искористување на постојните инструменти за разрешување на долготрајните и новите предизвици и кризи, како и да се зајакне дијалогот за местото и придонесот на ОБСЕ во структурата на мултилатералните организации.

Започнуваќи го својот настап министерот Димитров потсети на еден од фундаменталните документи на ОБСЕ, Повелбата за Нова Европа усвоена во 1990, во која меѓу другото се вели: „Времето на конфронтациите и поделби заврши. Европа се ослободува од наследството од минатото. Во ова наше време, треба да се исполнат надежите и очекувањата што нашите народи ги негуваа со децении: постојана посветност кон демократијата втемелена врз почитување на човековите права и основни слободи, просперитет преку економска слобода и социјална правда и еднаква безбедност за сите земји.” Повика на демонстрирање на политичка воља за разрешување, низ дијалог и соодветна интерпретација на консензусот во одлучувањето, на низа сериозни прашања на агендата на ОБСЕ, за кои сите држави имаат споделена одговорност.

fm Dimitrov Slovakia

Како еден од најсилните инструменти на организацијата, теренските мисии, како што е мисијата на ОБСЕ во Скопје, може да се користат и за поддршка на реформските агенди на земјите домаќини.

На средбата со генералниот секретар на ОБСЕ Гремингер се разговараше за тековните предизвици со кои се соочува организацијата, како и за потребата од прилагодување на нејзиното делување во изменетиот безбедносен контекст. Министерот Димитров истакна дека ОБСЕ е релевантен партнер во реформските заложби на Владата.

dimitrov greminger

На средбата со австрискиот МНР Александер Шаленберг, министерот Димитров изрази благодарност за континуираната поддршка на Австрија за интеграцијата во ЕУ и очекувањето таа да продолжи. Информираше и за направените реформи и плановите во наредниот период, како и за нашите очекувањата во пресрет на најавената одлука во октомври. Шаленберг истакна дека за Австрија, одлуката за започнување на преговори со Северна Македонија во октомври останува приоритет и дека може да сметаме на нивна силна политичка и експертска поддршка во процесот на европска интеграција.

dimitrov austria

МНР Димитров оствари средба и со неговиот шпански хомолог министерот Жозеп Борел кој е номиниран за функцијата Висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Министерот Борел даде подршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ. Воедно Шпанија ги поздрави досегашните напори и фокусот на реформските процеси, вклучително и на финализацијата на НАТО членството. На средбата се разговараше за состојбите во регионот, при што заеднички беше заклучено дека неговата иднина припаѓа во Европската Унија, со што ќе се заврши процесот на европското обединување.

dimitrov spain

На средбата со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија на Стејт Департмент  Филип Рикер, беа разгледани состојбите во регионот, вклучително и одличните билатерални односи. Во тој контекст се  разговараше за ратификацијата на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО и актуелните реформски процеси што ги реализира владата на Северна Македонија.

Конзуларни услуги