Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров и делегација на Владата на Република Северна Македонија, вчера на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и амбасадорите на земјите членки на Алијансата, членови на Северноатлантскиот совет кој денес во нашата земја ќе го одржи својот редовен состанок со теми од програмата за работа на советот.

1 3Во рамките на својата агенда, генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот Совет, беа  примени од Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери.

Официјалниот дел од посетата на делегацијата на највисоките тела на НАТО започнува денес со церемонијата на официјалниот пречек на платото на Владата на РСМ, по што ќе следува билатерална средба на делегациите предводени од Претседателот на Владата на РСМ Заев и Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, со амбасадорите на Северноатлантскиот Совет и министрите во Владата на РСМ.

18075 slideСо работниот дел на Северноатлантскиот Совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада на РСМ, што ќе се ќе се одржи потоа, ќе претседаваат Претседателот на Владата г. Заев и ген. сек г. Столтенберг, по што ќе следува и нивната заедничка прес конференција.

Во текот на денешниот ден, Генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Соопштението е преземено од vlada.мк

 

Конзуларни услуги