Соопштенија

Утре (среда, 29 мај 2019 год), во Министерството за надворешни работи, ќе започне дводневна работилница – Симулација на меѓународна конференција на француски јазик, наменета за државни службеници.

Проектот, насловен како „Францускиот јазик – јазик на меѓународните односи“, го ко-организираат Францускиот институт во Скопје и Директоратот за Дипломатска академија при МНР. Овој проект е дел од регионалната програма за поддршка на францускиот јазик во земјите на Балканот, финансирана од француското Министерство за Европа и за надворешни работи, а поддржан е и од нашата земја како активна членка на големото семејство на Франкофонијата.

Работилницата ќе ја отворат Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски и амбасадорот на Француската Република во Република Северна Македонија, Кристијан Тимоние, кои ќе дадат изјави за медиумите.

Покануваме новинари, фоторепортери и сниматели за медиумско покривање на настанот, со кратки изјави.

Место на одржување на работилницата: амфитеатар во Министерството за надворешни работи (приземје, ВИП влез)

Почеток на настанот и изјави за медиумите: 10:00ч.

Конзуларни услуги